Никодиновска: Ако дозволиме ДПМНЕ и СДСМ да продолжат – ќе исчезнеме како нација

Носителката на советничката листа на Левица во Општина Гази Баба, Маја Никодиновска, порача дека по три и пол децении уништувачки политики од страна на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, време е за промени кои започнуваат од локалното ниво.

„35 години ни го сменија името и идентитетот, го уништија образованието и здравството, нè задолжија до петто колено, а граѓаните денес тонат во сиромаштија. Нема јавен превоз, нема вода, шумите се опустошени, се увезува и гори опасен отпад, а ние секојдневно свесно се труеме и дишеме канцер,“ изјави Никодиновска.

Таа додаде дека политичкиот систем е виновен за оваа состојба, но дека одговорноста е заедничка и припадна на сите граѓани. „Ако дозволиме ДПМНЕ и СДСМ да продолжат со ова темпо, ќе исчезнеме како нација,“ предупреди таа.

„И те како ќе се замарам со политика. Едвај чекам! Големите промени почнуваат со мали чекори, а јас започнувам со мојата општина Гази Баба,“ порача Никодиновска.