Неколку недели пред официјалниот старт на предизборната кампања, низ Македонија се забележува забрзана активност на општините во склучување договори за градежни зафати. На веб-страниците за јавни набавки евидентно е значително зголемување на тендерите и договорите за реконструкција на улици и други инфраструктурни проекти.
Само во последните три недели, Општина Гази Баба склучила договори во вредност од 88,4 милиони денари. Општина Аеродром во истиот период потпишала договори тешки 163,8 милиони денари, додека Општина Кисела Вода реализирала договори од 109,8 милиони денари.
Активност има и во внатрешноста на земјата: Општина Делчево склучила договори во висина од 41,3 милиони денари, Општина Охрид во вредност од 11,1 милиони денари, Општина Виница речиси пет милиони денари, а Општина Штип нешто над 96 милиони денари.
Слични договори за реконструкција на улици и други градежни зафати се бележат и во голем број други општини ширум државата.
Практиката општините да интензивираат јавни набавки непосредно пред избори често предизвикува сомнежи во јавноста дали инфраструктурните проекти се реализираат со цел подобрување на условите за граѓаните или, пак, претставуваат дел од политичка стратегија за придобивање гласови.
Следи го Антропол преку Google 
