Кандидатот за градоначалник на Струга од Левица, Јована Мојсоска, остро реагира на денес усвоеното упатство на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кое партија со шест пратеници останува без простор на телевизиите и медиумите за време на кампањата. Таа посочува дека во ист ден кога се потпишува кодекс за фер избори, институциите ја спроведуваат најголемата неправда и удар врз демократијата, нарекувајќи ја „Северна“ избанализирана пародија.
Мојсоска додава дека, и покрај сите обиди за ограничување на гласот на Левица, „можат да ги исечат сите цвеќиња, но не можат да го спречат доаѓањето на пролетта“.
И официјално – денес е усвоено скандалозното упатство на АВМУ, со кое партија со 6 пратеници нема да ја видите на телевизија и медиуми!
Истовремено, денес низ општините се натопориле кандидатите и партиите да потпишуваат кодекс за ФЕР ИЗБОРИ “Северна” е само една избанализирана пародија.
П.С. Можете да ги исечите сите цвеќиња, но не можете да го спречите доаѓањето на пролетта

