Aпасиев: По налог на Mицкоски, само на Левица ѝ е забрането рекламирање – Уставниот суд веднаш да се изјасни

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на прес-конференција го обвини државниот врв и контролните институции за „невидено“ и демократски неприфатливо однесување, откако партијата беше целосно исфрлена од законски предвидените пакети за платено рекламирање. Тој посочи дека изоставувањето е резултат на политички диригирана одлука преку раководството на АВМУ и најави правни чекори, „акцио популарис“ и барање за итна временa мерка пред Уставниот суд. Истовремено уверувајќи дека Левица нема да се откаже и очекува историски резултат на локалните избори.

Оваа прес конференција ја свикавме по повод скандалозното и досега невидено однесување на органите на власта спрема една парламентарна и регистрирана политичка партија, во случајот тоа е Левица, кога од сите вонпарламентарни и парламентарни партии за прв пат во историјата на независна Македонија само на една партија и е забрането политичко претставување, односно платено рекламирање во а-а приватните медиуми.

Скандалот да е уште поголем, не само што ни се забранети државните пари кои по закон ни следуваат, туку и доколку би имале наши пари, ние не ќе можеме да се рекламираме, затоа што со едноставно пропуштање, односно неспоменување во четирите законски предвидени пакети, ние сме изоставени комплетно како да не постоимe на политичката сцена.

Ова е директна последица и пратен абер директно од премиерот преку неговиот подлизурко Зоран Трајчевски, вечниот директор на ААВМУ, којшто на овој начин се обидуваа да ѝ ги скратат крилата на Левица, но сакаме да им порачаме дека ова нема да помине, напротив, ќе има обратен ефект на бумеранг, бидејќи народот гледа како на една партија и се прави класична неправда.

A во меѓувреме ние се екипиравме со адвокатски тим, ќе поднесеме „акцио популарис“, односно тужба со временa мерка за стопирање на ова упатство и бараме од Уставниот суд веднаш уште денес да се произнесе со временa мерка, затоа што не знам дали знаете три случаи досега вакви имало, а Уставниот суд прави финта, а тоа е дека кога поднесуваме ние представка или иницијатива, тој го става актот за гласање во декември и констатира многу бегло дека актот повеќе не е во сила и нема што да оценува.

Дали ме разбирате кој е тој правен изум, а тоа што актот произвел дејство и направил штета, тоа него не го тангира. И предосеќам како професор по право дека овој случај ќе заврши во Стразбург, но тоа би траело две-три години од сега, така што штетата која сега ни е нанесена ние парично ќе ја вратиме по две-три години, но ќе биде удар врз демократиjата во Република Македонија.

Сакаме да порачаме дека Левица не се откажува ниту правно ниту политички и дека Левица на овие локални избори ќе го достигне својот историски максимум, така што не можете да спречите пролет дури и да ги искорнете сите кокичиња.

Може да ве интересира