Културен амалгам ја заокружува својата програма со завршна средба во КИЦ

На 15 јули 2025, се отвори второто издание на Интердисциплинарниот и мултимедијален фестивал КУЛТУРЕН АМАЛГАМ во Културно информативен центар – Скопје, со што започна патувачкиот дел низ сродните установи низ Македонија и тоа ЛУ „Градски музеј“ – Крива Паланка на 26 јули 2025 и Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово на 7 август 2025.

Финалната средба и затворањето ќе се одржат на 2 октомври 2025 во Културно информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2 со почеток од 19:30 часот.

На затварачкиот настан ќе имате прилика да видите дел од делата од изложбата и анализа и презентација за начинот на изработка на фотографиите, каде ќе разговараме со Сашо Алушевски, основач на фестивалот за алтернативна фотографија „Зрно“.  

Во својата основа фестивалот имаше за задача да отвори врати кон вистинска и коренита децентрализација на културата во Македонија преку поставување темели на соработка и градење на културна свест во различни средини низ различни градови. Соработката на Културно информативнит центар – Скопје со останатите центри, преку меѓуинституционалниот и мултимедијален фестивал постави темел за понатамошно аплицирање на истиот и низ останатите градови низ Македонија, а по примерот на Скопје, Кратово, Крушево и Битола, кои беа предвидени за првото издание на фестивалот.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам.