Митевски: Левица не дозволува партии како ДПМНЕ да ѝ диктираат кого ќе кандидира

Славко Митевски, носител на советничката група на Левица во Карпош, на Фејсбук јасно го постави ставот околу кандидатурите за локалните избори. Според него, изборите се за граѓаните да изберат кој најдобро ќе ги застапува, а никоја партија нема право да диктира кој ќе излезе со свои кандидати на изборите. Митевски посочува дека Левица смета дека има квалитетни кандидати во неколку општини и реагира на критиките за наводни „предавства“ кон договорот помеѓу ДПМНЕ и ВЛЕН.

Ајде вака да разјасниме некои работи

Избори постојат за граѓаните да изберат некој што мислат дека најдобро ќе ги застапува.

ДПНЕ не става свои кандидати во западна Македонија за веројатно македонците да гласаат за кандидатот на ВЛЕН.

Левица мисли дека има добри кандидати и ги кандидира во неколку општини.

Според ДПНЕ нивниот договор со ВЛЕН треба да важи за сите партии во спротивно сите се предавници.

Алоооо се слушате ли што зборувате. Па не сме малоумни бре.

Кои сте бре вие да кажете кој треба да излезе на избори а кој не.

Едно прашање за сите што не се слагаат со мене…

Зошто ДПНЕ нема кандидати во западна Македонија? Одговорете на ова прашање па понатака ќе дискутираме.

Може да ве интересира