(Видео) Левица: Наместо Заев и Мијалков, ДПМНЕ упаѓа во сметките на нашите пратеници

Злоупотреба на институциите за политички прогон! Наместо борба против вистинскиот криминал и корупцијата на Заеви и Мијалкови, ДПМНЕ ги насочува државните апарати за незаконски напади врз пратениците на Левица. Одговорот на Левица е јасен и категоричен:

„ДПМНЕ неделава стори преседан со неовластен упад во лични сметки, без индиции за сторено кривично дело! Како одлика на тврд авторитаризам, тие во обид да скандализираат легитимни плати кои Левица ги исплаќала, објавија податоци за лични трансакции, кои ги добиле незаконски и неовластено и кои можат да се добијат под посебни-истражни мерки за следење (доколку има индиции за сторено кривично дело)!

Ги повикуваме ДПМНЕ и УЈП под нивна власт, како што се следат личните трансакции на пратеници на Левица, наредно да ги објават приливите на личните сметки на Заеви. Дали тоа ќе го сторат? Секако дека не, бидејќи таму лежи вистинскиот криминал, во кој учествуваат и самите тие!

Оваа постапка значи дека полугите на државниот апарат целосно се ставени во служба на ДПМНЕ за суперсија на секој кој ќе проба да ги спречи во криминалите и авторитарното владеење.

Истовремено, додека Левица е најтранспарентна партија во Република Македонија, ДПМНЕ го крие својот имот. Додека извештаите од Државниот Завод за Ревизија се без забелешки, ДЗР воочила низа на недостатоци во извештаите од најбогатата партија во Европа, особено во евиденцијата на недвижниот имот.

Левица побара и информации од јавен карактер од ДПМНЕ, поврзани со попис на недвижен имот, за што до ден денес нема добиено одговор, прекршок нотиран и од Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Левица нема да се повлече пред овие обиди за репресија. Ќе продолжиме да ја разобличуваме криминалната хунта на ДПМНЕ и да се бориме за вистинска демократија и правна држава.“

Може да ве интересира