Левица со 10 нови кандидати за локалните избори – Вистинската сила доаѓа од народот

Партијата Левица денеска соопшти дека ја претставува новата група кандидати за градоначалници кои ќе се борат за довербата на граѓаните на претстојните локални избори во 2025 година. Од партијата велат дека станува збор за луѓе со интегритет и силна врска со своите заедници, кои ќе се залагаат за чесна, транспарентна и праведна локална самоуправа.

Кандидати на Левица за градоначалници се:

Гевгелија – Тони Аврамов, професор по македонски јазик;

Куманово – Мирослав Петковиќ, актер и магистер по сценско-изведувачки уметности;

Македонски Брод – Марјан Ѓурчески, магистер по фармација;

Крушево – Зоран Јаневски, дипломиран сообраќаен инженер;

Кочани – Жаклина Филипова Свеќаровска, професор по македонски јазик и литература, член на Советот на Општина Кочани;

Илинден – Марјан Маринковски, пензионер и поранешен командир и лидер на тим во МВР;

Пехчево – Невенка Тренчевска, инженер за животна средина;

Берово – Мирче Кировски, доктор по ветеринарна медицина;

Ранковце – Иван Нешевски, дипломиран едукатор по семејни студии;

Старо Нагоричане – Андреј Димитријевски, ветеринарен техничар и сопственик на сточарска фарма.

„Со оваа група на кандидати, Левица покажува дека вистинската сила доаѓа од народот – од луѓето кои ја познаваат својата средина, кои се дел од секојдневниот живот на граѓаните и се подготвени да работат чесно и одговорно,“ наведуваат од партијата.

Левица останува доследна на својата борба против корупцијата, непотизмот и расипничкото трошење на јавните пари, а нивните кандидати, како што велат, ќе ја вратат локалната самоуправа во рацете на граѓаните.

„Општините се темелот на вистинската промена,“ порачуваат од Левица.

Може да ве интересира