Крстев до ВМРО-ДПМНЕ: „Полекичка, не се утре изборите“

Мики Крстев, дипломиран правник од Левица – Босилово, преку објава на социјалните мрежи им се обрати на локалните структури на ВМРО-ДПМНЕ:

„Вмро Дпмне Ок Босилово полекичка бе малку нема 2 саати од кога Левица – Босилово поднесе листа за советници, свртевте 1000 телефони да ги разубедувате и уценувате луѓето. Полекичка има време ехее та не се утре изборите. Така да работевте 4 години алал ќе ви кажевме, ама вие само за пред избори сте изгледа.“