Димитријевиќ: Градоначалниците вршат уцени врз работниците – Левица ќе укине договори на определено време

Адвокатот и кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров од редовите на Левица, Александар Димитријевиќ, јавно реагираше на практиката на актуелните градоначалници кои, според неговите зборови, им ветуваат на работниците вработување на неопределено време доколку ја одработат нивната изборна кампања. Тој мна својот Фејсбук профил напиша:

Деновиве голем број од работниците на определено време и договор на дело ми се пожалија дека актуелните градоначалници им ветиле вработување на неопределено ама ако ја “истрчаат” кампањата за нив.

Токму од овие причини во програмата на Левица предвидовме да не постојат повеќе договори на определени време а како адвокат им дадов правен совет да тужат за трансформација на работен однос.

Во секој случај не трпете УЦЕНИ и тортура затоа што правото на работа е Уставно загарантирано а вие за таа плата одите секој ден на работа.

Не ви дава на вас „леб“, партијата туку вие си го заработувате.

Затоа ослободете се од таа психолошка тиранија и правете како на вас ви одговара.

Може да ве интересира