Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, Марјан Димитриев, со критика за досегашното работење на локалната власт, за само четири години биле потрошени над 850.000 евра народни пари за непродуктивни трошоци.
„Над 850.000 евра за непродуктивни трошоци!
Во последните четири години, Општина Аеродром потрошила над 850.000 евра народни пари за: патни и дневни трошоци, семинари и конференции, објавување на огласи, расходи за репрезентација и други оперативни расходи.
Додека жителите на Аеродром се борат со загаден воздух, недостиг од паркинг места, нечистотија на секоја страна и недоволно јавни содржини, општината троши стотици илјади евра на членарини, семинари, патувања и репрезентации.
Аеродром заслужува повеќе.
Време е за промена.“
Следи го Антропол преку Google 
