Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, Марјан Дмитриев, со видео порака им се обрати на своите сограѓани. Реши да ја објави својата кандидатура бидејќи Аеродром во изминатите четири години се претвори во најзагадената општина во Скопје.
„Што правиме со Вардариште? Додека ние дишеме загаден воздух, општинската власт се занимава со небитни работи,“ истакна Дмитриев.
Како прв чекор најави решавање на проблемот со депонијата Вардариште: „Ова ќе биде првата работа што ќе ја направам. Нема отстапување и нема изговори. Или ќе најдеме решение, или ќе продолжиме уште 30 години да живееме во ова сивило. Јас нема да дозволам тоа.“
Со пораката „Секој има право на чист воздух! Ајде заедно да ја направиме промената,“ Дмитриев ја започна својата кампања, ставајќи ја борбата за здрава животна средина во прв план.
Следи го Антропол преку Google 
