Бошковски: Колку сме во суштина стварно независна држава

  • Пишува Давид Бошковски

Во пресрет на празникот 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, треба да се запрашаме колку сме стварно независни. Независноста не доаѓа сама по себе, со тоа што нашите родители, баби и дедовци во 1991 година изгласале самостојна и независна република. Независноста е поголем процес од тоа, всушност носење одлуки во корист на граѓаните е една од побитните точки кога зборуваме за независност.

Кредитите што нашата влада ги зема во последнава година не однесе да бидеме двојно повеќе задолжена држава, во однос на периодот кој претходел. Тоа воопшто не нѐ прави независна држава, всушност тоа покажува колку сме дозволиле неспособни лица да ја водат државата и да ја стават во зависна положба. Од секаков вид на фабрики во државна сопственост, до приватизација и се уништено. До тоа не доведоа политичарите кои ние сами ги гласаме. Така и ќе остане кога тие никогаш не гледале да направат да биде подобро на својот народ, туку на олигарсите кои ги финансираат нивните предизборни кампањи.

Полтронски политики кои ги водиме за да се удоволат желбите на НАТО и САД, се дополнителна причина за уништување на иднината на оваа држава. Наместо да се фокусираме на подобрување на условите за живот внатре во државата, ние полтронски ги пратиме политиките на НАТО и САД кои водат само кон нивно богатење, а осиромашување на Република Македонија.

Со ова можеме да заклучиме дека всушност ние сме зависна држава поради политичките опции кои владеат со Македонија во овие 34 години „НЕЗАВИСНОСТ“. Ова е генерациска битка во која секој еден млад човек кој сака да продолжи да живее овде и да создава овде, треба да се вклучи во борбата против политиките кои не водат кон зависност.

Може да ве интересира