(Видео) Мециновиќ предупредува: Има план за приватизација на Комунална хигиена-Скопје

Има план за приватизација на јавното комунално претпријатие „Комунална хигиена Скопје“, истакна во гостување на Канал 77 кадидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ.

– КХС ќе стане јавно-приватно партнерство и ќе депонираме во приватна депонија доколку го направиме истиот избор во октомври!

Според наши информации, веќе се спрема теренот за ваков епилог, во спрега помеѓу нашите олигархиски партии и поединец со австриско потекло кој е близок до неколку организации во Македонија. – истакна Мециновиќ.

Може да ве интересира