Левица во Битола со поддршка за независниот кандидат за градоначалник – Зоран Николовски

Левица објави дека за кандидат за градоначалник на Битола ќе го поддржи независниот кандидат, архитектот Зоран Николовски.

Почитувани битолчанки и битолчани,

Чест ни е да ја најавиме широката и победничка плаформа за Битола со која Левица ќе настапи на престојните локални избори. И официјално, ја информираме јавноста дека политичката партија Левица ќе го поддржи најдобриот избор за кандидат за градоначалник на Битола, архитектот ЗОРАН НИКОЛОВСКИ, како докажан професионалец и човек кој може да се пофали со проектите во својот роден град!

Во градот кој е бастион на Левица, веруваме дека поддршката за кандидатот Зоран Николовски претставува авангардна комбинација која ќе донесе промени и НОВИ ИДЕИ за Битола.

На овие избори настапуваме со јасна визија за нашата Битола, во која ги обединуваме прогресивните и компетентни потенцијали, создаваме платформа на интелектуалци и професионалци кои целото свое ЗНАЕЊЕ ќе го стават во служба на една идеја – Битола.

За една света идеја – БИТОЛА!

Може да ве интересира