Кој е Златко Тренчевски – кандидатот за градоначалник на Левица за Гази Баба?

Златко Тренчевски, дипломиран металуршки инженер со повеќе од три децении професионално искуство во домашни и меѓународни компании, е кандидатот на Левица за градоначалник на Општина Гази Баба.

Во својата богата кариера Тренчевски бил сопственик на приватна фирма, раководител во „Хотел Континентал“, а работел и во меѓународни компании како „Amazon Germany“ и „Кромберг и Шуберт“, каде бил менаџер на тим за контрола на квалитет.

Неговите заложби доколку стане градоначалник на Гази Баба се демократизација и транспарентност на општинската администрација во служба на граѓанинот,акциски план против секој вид на загадување, енергетска ефикасност на објекти каде општината има ингеренции, забрана за продажба на државно земјиште за изградба на станбени комплекси. Општина каде секој граѓанин ќе има увид каде се трошат неговите пари и Гази Баба како една од најбогатите општини во Македонија има потенцијал да биде пример, како нејзините граѓани може да имаат една народна современа администрација.