Полска и Италија со јасна порака – Подготвени за мониторинг на мировен договор, но без војници во Украина

Премиерот на Полска, Доналд Туск, по Самитот на „Коалицијата на подготвените“ во Париз, изјави дека Варшава не планира да испрати трупи во Украина, ниту за време, ниту по завршување на војната. Тој нагласи дека Полска ќе ја предводи логистиката и дека земјата е „најголемиот центар“ за организирање помош за Киев.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, исто така потврди дека Рим нема да испрати војници во Украина, но е подготвен да поддржи евентуален прекин на огнот преку мониторинг и обука надвор од украинска територија, соопшти нејзиниот кабинет по истиот состанок.

Самитот во Париз, свикан од Франција во формат на „Коалиција на подготвените“, се фокусираше на идните безбедносни гаранции за Украина и пост-воените механизми за поддршка.

Може да ве интересира