Левица: Скопје гори – Тошковски се гоштева!

Граѓаните на Аеродом и Скопје од денес започнаа протести за да го искажат својот револт од загадувањето што го предизвикува проблемот со дивата депонија во Вардариште. Активистите на Левица беа рамо до рамо со своите сограѓани во борбата против овој огромен проблем кој го уништува здравјето на жителите на Скопје, напишаа од партијата.

Редовните пожари на дивите депонии се сведоци за неспособноста на власта, но не ретко тие и намерно се подметнуваат за наместо решенија да се печалат политички поени. Иако советниците на Левица постојано алармираат за овој проблем во советот на Град Скопје, нивните предлози систематски се одбиваат од мнозинството на ДПМНЕ, обвинија од Левица.

МВР веднаш се појави на терен кога граѓаните излегоа да го искажат својот. Но, кога треба да ги открие и изведе пред законот оние кои ги палат депониите тогаш владее молк. Чекаме министерот Панче Тошковски да излезе од кафана за да ги согледа дека Скопје гори, заклучија од партијата.

Левица ќе продолжи со борбата, и во институциите и на улица, сè додека овој животозагрозувачки проблем не се реши еднаш засекогаш. Гласот на граѓаните нема да дозволиме да се игнорира!