Јовановски: Македонецот сака да биде лажен, шиткан и исмеван – Народ што гледа идоли во транзициски лопови

Текст на Мартин Јованоски, писател.

Очигледно и неспорно, во крвта на овој народ е минимизирањето на работите, вртењето глава пред вистината и потребата за клечење пред криминалци и гласно обожување на нивниот лик и дело.

Овој македонски народ има потреба да биде лажен, шиткан, краден и исмеван.

На овој народ му е просто неодоливо да биде третиран како ѓубре. И после децении независност, не престанавме да гледаме идоли во транзициските лопови, корумпирани политичари и партии кои собираат неспособни идиоти и глорифицираат лидери кои не би поминале ниту основен тест за интелигенција.

Зошто ова го кажувам….

Имено, и после 3 месеци од откривањето на криминалот со дивоградбите во Чаир од страна на Данела Арсовска, фрапирачки, ама, реакции НЕМА.

Зборуваме за директен криминал тежок стотици милиони евра НАРОДНИ ПАРИ, свесно кршење дузина закони преку кои, меѓу другото, е сериозно загрозена безбедноста на граѓаните.

Внимавајте, и после 3 месеци, НИКОЈ НЕ СЕ НИ ОБИДЕ ДА ЈА ДЕМАНТИРА Данела Арсовска, никој не ги ни оспори наодите!

За ваков криминал паѓаат цели државни раководства, влади, министри, градоначалници. За ваков криминал се урива, се запленуваат имоти и се лежат затвори.

Кај нас-штама.

Она нашето…ќути си, трај си, ќари нешто, укради и ти ако можеш…

Сите ја вртат главата, се прават дека ништо не се случило. Имаат и директни наредби од матичните партии да мижат, да ќутат и да менуваат тема.

Интересно, и за многумина првообвинетиот во овој криминал, Изет Меџити, и понатаму си е вицепремиер и министер за животна средина.

И да не тупам, јасно е сѐ.

Убаво си рекле старите, каков народ-таква држава.

Огромно мнозинство од граѓаните веќе од поодамна се соучесници во секој криминал на властите. Овие генерации се замешани во секоја кражба, секој скандал, наместен тендер и секоја превара, и оттаму, скоро никој нема интерес да се најде човек што би нѐ извлекол од лајнава.

Така може и би се оправиле, не дај боже.

Во суштина, убаво ни е.

Од денес за утре.

Племенски.

Е така.

Како викаат, батали политика и држава, има побитни ствари.

Лапни хелекс, извади цицките и мускулите, насмеј се за камерата.

Нека пука инстаграмот!