(Видео) Мециновиќ: Оваа борба е наша, заедничка – Борба за град кој ќе нѐ обедини

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ, со апел до скопјани:

„Упатувам повик до оние на кои им е преку глава!

До експертите кои со години предупредуваат на опасност и знаат дека може и мора подобро. До активистите кои не се плашат да кажат гласно дека градот е на луѓето, а не на моќниците.

До секој скопјанец што ја носи во себе сликата на едно Скопје кое е поубаво, почисто, похумано!

Затоа ве повикувам – приклучете се со вашето знаење, енергија и идеи! Оваа борба е наша, заедничка – борба за град кој ќе нѐ обедини, наместо да нѐ исцрпува.

Пишете ни во порака на социјалните мрежи или на мејлот [email protected] за заедно да го обликуваме градот.”- апелира Мециновиќ.

Може да ве интересира