Левица: Мицкоски го штити Коцевски – Коцевски ги штити вмровските функционери од одговорност за Кочани

Политичкото лицемерие на Христијан Мицкоски и ДПМНЕ не знае за граници. Пред три дена, пратениците на ДПМНЕ под јавен притисок гласаа „ЗА“ Интерпелацијата на Левица за државниот jавен обвинител Љупчо Коцевски. Пред два дена од партијата побараа обвинителот да си поднесе оставка. Додека пак денес Премиерот обзнани дека и покрај законските можности, Владата нема намера да го разреши Љупчо Коцевски, соопштија од Левица.

Покрај се останато, главниот аргумент на во интерпелацијата на Левица за обвинителот Коцевски беше токму селективноста во истрагата и заштитувањето на функционери од партиите на власт, за трагедијата во Кочани. За жал, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврдија, дека сопствените функционери и партиски подлизуrковци им се далеку поважни од вистината, одговорноста и правдата за прерано изгубените млади човечки животи, констатираа од партијата.

И покрај тоа што пратениците од партиите на власта ja гласаа интерпелацијата за Коцевски, Христијан Мицкоски избира да покаже среден прст на Собранието, како единствена институција која директно ги претставува граѓаните, па дури и на гласот на сопствените пратеници. Ова релативизирање на процесот е јасен политички пазар, Владата ја стопира интерпелацијата за Обвинителот Коцевски, а тој преку неосновани и тешко докажливи обвиненија ги амнестира од одговорност функционерите на Мицкоски за случајот во Кочани, обвинија од Левица.

Довербата во правосудниот систем и правната држава одамна е потоната. Со ваквата политика на Владата тоне и последната надеж дека ќе има правда за загубените млади животи во Кочани. Левица го осудува неследењето на народната волја од страна на здружените Мицкоски и Коцевски искажана преку Собранието. Ова го оценуваме како спремност на лидерите на овие две високи јавни функции да прегазат преку човечки животи без никаков проблем, само за да ги задоволат своите, и лукративните интереси на своите соработници, оценија од партијата.

Може да ве интересира