Јанчев: 300.000 евра за патни трошоци на пратеници – а нема пари за амбуланти и болници

Пратеникот на Левица, Саше Јанчев, преку статус на Фејсбук алармираше за неодговорното трошење на јавните пари во Собранието. Според него, за последните 13 месеци се исплатени 300.000 евра само за патни трошоци на пратениците.

„Пак да си ги гласате и да се чудите после зошто нема нови противпожарни возила, зошто нема амбуланти возила, зошто има руинирани болници и училишта, зошто луѓе се селат, зошто не се прават деца итн. И да не заборавите дека Левица е крива,“ напиша Јанчев, алудирајќи на хипокризијата во јавниот дискурс и недостигот на приоритети кај владејачките партии.

Целиот негов статус во продолжение: