(Видео) Јанчев: Влегувањето на Коцевски во шеми со власта за да си ја спаси фотељата беше пикот на непрофесионалноста

На денешната седница на Собранието, пратеникот од Левица, м-р Сашко Јанчев, хронолошки го образложи политичкото влијание врз работата на Обвинителство, кое, како што посочи, се гледа најдобро преку притисоците врз јавниот обвинител и нивниот нагол прекин по трагедијата во Кочани.

Власта ја искористи трагедијата во Кочани да си направи дил со Републичкиот јавен обвинител, а договорот беше – власта повеќе да не го напаѓа и ефективно да ја прекине постапката за негово разрешување и за возврат да ги поштеди ВМРО-ските кадри од кривичен прогон за трагедијата во Кочани“ – рече Јанчев.

Тој во говорот наведе низа датуми и настани преку кои долови како се градеше целата конструкција – од најавите за разрешување на Коцевски од страна на Владата и премиерот, преку медиумските и институционалните напади, па сè до „магичното“ исчезнување на кворумот во Советот на јавни обвинители веднаш по изјавата на премиерот дека се стопира постапката.

Јанчев потенцираше дека токму поради тој политички дил, од истрагата беа изземени носители на функции поврзани со владејачката партија, кои мораа веднаш да влезат во истрагата бидејќи не си ги презеле законските обврски.

Тоа што власта го искористи случајот во Кочани за да го стави обвинителот под своја контрола е доволно лошо, но влегувањето на Коцевски во вакви шеми и неговата подлежност на вакви влијанија се недозволливи за еден државен јавен обвинител. И од тие причини оваа интерпелација треба сите да ја гласаме“ – апелираше Јанчев.

Може да ве интересира