(Видео) Забрана за шетање за граѓаните, „дозвола“ за дрвосечачите – Јабланица оголена од моторни пили

На граѓаните им е забрането слободно да се движат низ шумите поради опасност од пожари, сечата на шумско богатство очигледно непречено продолжува. Дијана Петрова македонска писателка и активистка, преку видео-објава алармира за драстичното уништување на планината Јабланица, каде што, и покрај забраните, постојано се слушаат моторни пили.

Шумата е соголена, вели Дијана, а дозволите за дрвосеча очигледно не важат за сите подеднакво, со што се разголува уште еден пример на институционална лицемерност и игнорирање на еколошката катастрофа што се одвива пред очи.

Во прилог следува видеото на Дијана Петрова.

Може да ве интересира