„Сама си го барала“ – Тамара Јованов остро до Тошковски: Легитимирање на насилство од врвна функција

По контроверзната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со нападот врз градоначалничката Данела Арсовска, со јавна реакција се огласи Тамара Јованов – универзитетска професорка и сопруга на лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Нејзината објава ја пренесуваме во целост:

“Сама си го барала”
– Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
Легитимирање на насилство од највисока функција, која треба да го сузбива истото!
Ништо чудно што имаме огромни стапки на семејно насилство, фемициди и башибозук воопшто, покрај вакви демохристијани на функција!
Каков примитивизам и ароганција – ужас!

Може да ве интересира