Левица – Сектор Култура: Градежната мафија владее во Охрид, институциите молчат – УНЕСКО повторно предупредува

Партијата бара итен мораториум на градби, казни за одговорните и целосна заштита на крајбрежјето

По третото последователно предупредување од УНЕСКО дека Охридскиот регион може да се најде на листата на светско наследство во опасност, партијата Левица реагираше со остра изјава, обвинувајќи дека државата ја има изгубено контролата врз заштитеното подрачје, кое, според нив, сега е ставено во рацете на „градежната мафија и политичките елити“.

„Надлежните институции продолжуваат со лицемерна незаинтересираност, маскирана зад стратешки документи и флоскули за ‘одржлив развој’“, се наведува во реакцијата на Секторот за култура на Левица.

Партијата предупредува дека ситуацијата на терен е алармантна, хотелите никнуваат како печурки по дожд, терасите се протегаат преку заштитени појаси, а дивоградбите стануваат правило, не исклучок. Во изјавата се вели дека ова не е само „еколошка и културна катастрофа“, туку и „длабока класна неправда“:

„Додека малкумина профитираат, мнозинството губи. Наместо да го почитуваат правото овие простори да опстанат и да се развиваат без штетни интервенции и уништување, градежната мафија и политичките елити си даваат предност на сопствените бизнис интереси.“

Во реакцијата се бара итно:

  • воведување мораториум на сите градежни активности на крајбрежјето,
  • покренување одговорност за сите функционери кои дозволиле или прикривале дивоградби,
  • целосна ревизија на урбанистичките планови,
  • како и законска заштита на Охридското Езеро и Студенчишко Блато како природни споменици, со јасни рокови, буџет и јавен надзор.

„Ако институциите продолжат со перење раце и сервилност пред интересите на градежниот капитал, Охрид нема само да го изгуби статусот на светско наследство туку ќе го изгуби и своето достоинство“, предупредуваат од Левица.

УНЕСКО и натаму го следи развојот во регионот, а новото впишување на Охрид на листата на загрозени подрачја би значело и официјален меѓународен укор за државата, која со години наназад не спроведува конкретни мерки за заштита на ова природно и културно богатство.

Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:

Може да ве интересира