Јанчев: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ, нападот врз Арсовска е мафијашка порака за замолчување на критичарите

Пратеникот на Левица, Саше Јанчев, остро реагираше по нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, посочувајќи дека молкот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ не е случаен, туку намерна порака до сите кои се спротивставуваат на криминалот и коалициските договори со ВРЕДИ. Во неговата објава, Јанчев потсетува на „Македонската платформа“ со пет јасни точки што Левица ги понудила за соработка пред изборите, нагласувајки дека ВМРО-ДПМНЕ сега ја предала државата за „сладоста на власта“ и отворила врати за криминални структури. Во продолжение следува неговото целосно обраќање:

„Левица во предизборието за добро на државата му подаде рака на ДПМНЕ преку Македонската платформа. 🇲🇰
ДПМНЕ одбра да си клекне пред ВРЕДИ.
И сега од ВРЕДИ тепаат градоначалник на главен град затоа што им фаќа дивоградби и криминали, а од ДПМНЕ прво поради сладоста на власта , за мир во коалицијата, а сега и за да испратат мафијашка порака, гласно си ќутат. Или пак лавовски мјаукаат.
Во Македонската платформа на Левица имаше 5 точки кои требаше од ДПМНЕ да ги прифатат.

  1. УНИТАРНОСТ
  • надминување на федералниот, бинационален модел на држава.
    ❌ На ДПМНЕ побитни им беа ВРЕДИ и странските амбасади.
  1. ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ И СУВЕРЕНИТЕТ
  • организирање на Република Македонија во една изборна единица и забрана на монолитни и чисто етнички партии.
    ❌️ ДПМНЕ пред точно еден месец, на 12 јуни, не гласаа за една изборна единица во Собранието.
  1. ИДЕНТИТЕТ
  • распуштање на т.н. Историски комисии за ревидирање на македонската антифашистичка историја и одлучно „не“ за внесувањето на Бугарите во Уставот.
    ❌️ ДПМНЕ буквално до вчера водеа кампања за условна промена на Уставот, внесување Бугари во Уставот со одложено дејство и тоа го претставуваат ко патриотски чин. Сега кога ги ошамарија од ЕУ со последниов извештај, одма станаа големи патриоти.
  1. СЕКУЛАРНОСТ
  • одделување на верските заедници и религиозни групи од државата и јавните институции.
    ❌️ Државните функционери од ДПМНЕ се пењават по цркви на верски празници и прават спектакли од тоа глумејќи побожност. Дополнително, претседателот на Собранието, Гаши од ВРЕДИ и членот на ДПМНЕ, Бишевац, одржаа исламска молитва СРЕД СОБРАНИЕ.
  1. ДРЖАВНИ ИНСТИГНИИ
  • строга контрола и надзор над правилната употреба на државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти при сите прослави и манифестации.
    ❌️ Точно пред еден месец, на 12 јуни, во Собранието ДПМНЕ не гласаа за закон кој предвидуваше формирање на инспекторат за државни инсигнии.
    А во предизборието пуштаа патки како Левица ќе коалицира со ДУИ. Откако се смени власта ДУИ им гласаше закони кога им фалеа гласови.
    Потоа пуштаа патки дека Левица ќе коалицира со СДС и дека Левица ќе го бојкотира вториот круг на претседателските избори со фотошопирана слика од мејл.
    ДПМНЕ ви е онаа отровната планинска печурка. На лик ви е најубава, најпријатна, најпривлечна ама смртоносна.
    Минимум месец дена градоначалник на главен град се жали дека има закани од секакви битанги блиски до ВРЕДИ заради јавно ловење дивоградби и криминали. Никаде ги нема да реагираат од позиција на власт.
    Нападот на градоначалничката на Скопје не е случаен. Ова е и вмровска порака од премиерот до сите кои се бунат и укажуваат на очигледните јавни зулуми кои се случуваат. А пораката е секој што ќе се спротистави вака ќе заврши.“