Членовите на Левица од Битола реализираа хумана акција насочена кон заштита на напуштените животни, поставувајќи хранилки и поилки на повеќе локации низ градот.
Во услови на екстремно високи температури, обезбедувањето вода и храна за бездомните животни станува не само чин на добрина, туку и прашање на нивен опстанок. Од партијата истакнуваат дека овој чин е дел од нивната поширока заложба за хуман однос кон сите живи суштества и дека претставува пример за градска емпатија и општествена одговорност.
„Љубовта кон животните е показател за зрелоста на едно општество,“ нагласуваат активистите, повикувајќи и на пошироко ангажирање – не само од страна на граѓаните, туку и од институциите, кои треба системски да придонесат за подобрување на условите за уличните животни.
Левица најавува континуирани теренски акции во насока на грижа и заштита на бездомните животни и општа борба за поквалитетни услови за сите ранливи категории во општеството.

