Локалниот огранок на Левица Велес остро реагира на неодамнешната набавка на скапа машина за хоризонтално обележување, која беше доделена на ЈКП „Дервен“ за да се заштедат јавни средства. Според нив, тоа се покажа како „бонбона бизнис“, скапа инвестиција која доведе до нерационални трошоци и разочарувачки резултати.
Општина Велес ја набави машината за хоризонтално обележување кон крајот на декември 2024 година, согласно извештајот на Државниот завод за ревизија за јавните набавки на 30.12.2024, по цена која е околу 40 % повисока од увозната набавна цена (со ДДВ).
Без оглед на ова, крајниот резултат останува разочарувачки, бојата е избледена, а трошоците не ја оправдуваат инвестицијата.Очигледно е користена исклучително неквалитетна боја, која трае само неколку недели, што сериозно ги доведува во прашање тврдењата дека инвестицијата е исплатлива и долгорочна.

Покрај тоа, ЈКП „Дервен“ нема обучен персонал за ракување со машината, па наместо да заштеди, јавниот сектор се соочува со нови трошоци, ангажирање надворешни лица за хонорари. Левица тврди дека ова е „јасен пример на нерационални јавни расходи, поткрепени со маркетинг-афера за „нова вредност“ која реално не носи никаква корист за граѓаните“.

Барањата на Левица и критиката кон локалната власт во Велес се јасни: да се стави крај на нерационалното трошење јавни пари, да се обучат вработени за професионално користење на скапата машина за обележување, и да се обезбеди употреба на квалитетни материјали, со цел да се постигне вистинска ефикасност и транспарентност.
Левица повикува Општина Велес и ЈКП „Дервен“ да преземат итни мерки и да ги остварат ветените придобивки од инвестицијата. Доколку машината и натаму се користи со нестручен персонал и со субстандардни материјали, постои сериозен ризик од продолжено трошење на јавни пари без реална вредност за граѓаните.

Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:

