(Видео) Левица – Радовиш: Се согласуваме со градоначалникот – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се претворија во криминални дувла

Локалниот огранок на Левица – Радовиш за прв пат по четири години изрази согласност со став на градоначалникот на општината, Ацо Ристов, обвинувајќи ги локалните ограноци на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дека го претвориле градот во „криминално дувло“.

„Л.О. Левица-Радовиш потполно се сложува со ставот на Ацо Ристов – градоначалник на Општина Радовиш – дека Општина Радовиш има криза на авторитети,“ стои во објавата на социјалните мрежи, во која се додава дека „особено криза на авторитети имаат ВМРО-ДПМНЕ ОК Радовиш и ОО СДСМ Радовиш“.

Партијата остро ја обвини двопартиската власт за вработувања по партиска линија и злоупотреби на јавни функции. „Со негативна селекција и уцени избираат партиски војници за административни работни места, кои истите подоцна ги злоупотребуваат своите позиции или ги користат само за свој личен или партиски бенефит.“

Левица тврди дека партиските поставувања довеле до состојба каде што институциите се целосно приватизирани од страна на партиски елити. „Затоа што се партиски поставени: директори, професори, полицајци, судии и сите други административци, тие сметаат дека тоа им е поклон од партијата и дека сега нема потреба да ја обавуваат својата функција,“ пишува понатаму во објавата.

Локалниот огранок го нагласува и за брзото богатење на политичките кадри на двете партии:
„Како што радовишани веќе повеќе години забележуваат – во политиката влегуваат голтари, стануваат директори, советници, градоначалници и.т.н., и за само неколку години започнуваат да живеат раскошен живот – градат куќи, купуваат станови, автомобили, патувања – сè на грбот на чесниот граѓанин кој сето тоа никогаш не ќе може да си го дозволи.“

Во отсуство на функционална институционална контрола, Левица апелира граѓаните „да не ги легитимираат повеќе овие паразитски структури“ и најавува продолжување на борбата против „политичката каста која го јаде општеството одвнатре“.

Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:

Може да ве интересира