Физички напад врз советничка, МВР го игнорира случајот – Арсовска бара санкции

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, обвини дека Министерството за внатрешни работи одбило да ги прими пријавите за физички напад врз советничката Ирена Витина, наводно извршен од страна на полициски службеник.

Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Арсовска тврди дека нападот се случил вчера, додека полицискиот службеник бил фатен при, како што посочува, „незаконско приклучување на водоводна мрежа“ на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.

„Уште еден ден во Македонија. Само да знаете каде живеете. МВР вчера одбиваше да ги прими пријавите од Град Скопје за физичкиот напад од нивен службеник врз жена“, напиша Арсовска.

Според тврдењата на градоначалничката, засега ниту една институција не изразила осуда за инцидентот, кој, како што вели, претставува напад врз жена службено лице, советничка во Градот.

Од Министерството за внатрешни работи сè уште нема официјален одговор на ваквите обвинувања. Не е јасно дали случајот е евидентиран во службените записници, ниту дали се преземени внатрешни проверки за постапката на полицискиот службеник.

Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:

Може да ве интересира