Бугарија да ја замрзне дипломатијата и да го повлече амбасадорот – Порача поранешниот амбасадор Енчев

Барањето на поранешниот бугарски амбасадор Велизар Енчев Бугарија да го повлече својот амбасадор од Македонија и да ја укине помошта во справувањето со пожарите е не само неприфатливо, туку и срамен и понижувачки гест.

Во својата објава, Енчев јавно обвинува дека „бруталните навреди кон нашиот министер за надворешни работи не се „инцидент“, туку дел од конзистентна антибугарска стратегија“. Според него, „Бугарија мора веднаш да го повлече својот амбасадор од Скопје „на консултации“. Нашиот амбасадор нема работа во главниот град каде што е повикан на објаснувања и јавно навредуван.“ Тој дури советува „да се замрзне политичкиот дијалог на високо ниво додека не се даде официјално извинување“ и да се создаде „јавен регистар на антибугарски дејствија и изјави на македонски политичари“.

Меѓутоа, вистинската одговорност за оваа опасна ситуација е во македонската влада. Токму со својата недоследна и слаба дипломатија, со молчење пред навредите и со попуштање на бугарските условувања, власта дозволи односите да се сведат на понижувања и дипломатски ултиматуми. Кога шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев, го нарече премиерот Мицкоски „северномакедонски“, а македонскиот премиер возврати со зборовите дека изјавите се „исто како кога глушец напаѓа лав“, наместо силен и достоинствен одговор, добиваме молчење и попуштање што ги охрабрува ваквите екстремни барања.

Ова доведе до тоа бугарскиот амбасадор да биде повикан на објаснување во МНР, а јавните навреди и барања за повлекување да станат дел од официјалната реторика. Наместо да ги брани националните интереси, македонската влада изгледа како да прифаќа понижувања.

Одлуката на Енчев е резултат на долгогодишни пропусти и слабости во македонската надворешна политика. Ако не се крене глас против ваквите навреди и не се заштити достоинството на државата, Македонија ќе остане изложена на понижувања и политички притисоци.

Може да ве интересира