(Видео) Јанчев: Мнозинството не обезбедува кворум – Ние нема да отстапиме од барањето да се објават трошоците на пратениците

Владејачкото мнозинство во Собранието, составено од ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, повторно покажа неспособност, не успеа дури ни кворум да обезбеди, иако официјално располага со 75 пратеници.

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, истакна дека мнозинството не само што не знае како да организира работа, туку и свесно ја кочи транспарентноста во парламентот. Јанчев нагласи дека веќе со месеци не се доставуваат податоците за исплатените патни трошоци и кирии за секој пратеник, иако тие се од јавен интерес.

Како реакција на оваа состојба, Левица продолжува со блокада на работата на Собранието преку барање на еден час пауза на секоја собраниска седница, со цел да се притисне мнозинството да ги објави овие важни податоци.

Може да ве интересира