(Видео) Мециновиќ: Десничарите се спремни да распродадат сè, само да не ги оданочат нивните олигархиски спонзори

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, во расправата за ребалансот на буџетот обвини дека десничарската власт свесно ги намалува даночните приходи, додека истовремено ги зголемува приходите од продажба на имот.

„Десничарите се спремни да распродадат сè освен да ги оданочат нивните олигархиски спонзори“, рече Мециновиќ, посочувајќи дека со ребалансот има намалени даночни приходи, но зголемени приходи од имот.

„Знаете каде имаме зголемени приходи? Од продажба на имот. Тоа значи дека десничарите се спремни да распродадат сè пред да ги оданочат нивните олигархиски спонзори. Три милијарди денари плус приходи од приходи од имот. Значи да се распродава имот, да се даваат концесии, да се распродаде државата, ама олигархијата не смее да биде чепната. Таму имаме намалени даночни приходи во буџетот“, во своето излагање рече пратеникот.

Ви пренесуваме дел од неговиот говор:

Може да ве интересира