Започна 64. Балкански фестивал на народни песни и ора во Охрид

Со концерт КУД „Ѓердан од бисери“ од Охрид и Ансамблот на народни игри и песни на Македонија „Танец“, вечерва во 20.30 часот ќе биде свечено отворен Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид. Претходно, во 19 часот, од Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе започне дефиле.
Вчера на првиот ден на 64. фестивал, беше промовирана книгата „Балканскиот фестивал во Охрид низ видео записите на американскиот фолклорист Роберт Хенри Либман“ од д-р Стојанче Костов.

Балкански фестивал на народни песни и игри во организација на Центарот за култура „Григор Прличев”- Охрид е најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.Покровител на фестивалот е македонското Собрание, а го поддржува Министерството за култура и туризам, Општина Охрид и пријателите на фестивалот.
Во наредните три дена следува богата програма со настапи на културно-уметнчки друштва од Бугарија, Србија, од Мелбурн, Австралија, како и од неколку македонски градови.