На денешен ден, во 1941 година, Политбирото на Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија, предводено од Јосип Броз Тито, донело Одлука за кревање на вооружено востание на народот на Југославија и ја започнало Народноослободителната борба за ослободување на земјата од фашистичките германско-италијански окупатори и нивните сателити.
Веднаш по донесувањето на оваа одлука, започнале востанија во сите краеви на Југославија: во Србија – на 7 јули, во Црна Гора – на 13 јули, во Словенија – на 22 јули, во Босна и Херцеговина и Хрватска – на 27 јули, а во Македонија – на 2 октомври 1941 година.
4 јули – Денот на борецот, празник на востанието на народите и народностите на Југославија против фашизмот во Втората светска војна.
На овој ден, во поранешна СФРЈ се славеше Денот на борецот – денес, 4 јули 1941 година, го одбележуваат само боречките здруженија. Партизаните се прашуваат зошто се срамиме од минатото, додека власта смета дека овие датуми не заслужуваат толку внимание.
Четиригодишната Народноослободителна борба заврши со победа над фашизмот и нивните усташки квислинзи и четничката колаборација, при што за победата и слободата загинаа 305.000 борци од Народноослободителната војска на Југославија под команда на Тито.

