(Видео) Премиерска логика – Пожари поради недостиг на стока

Премиерот Христијан Мицкоски со нова теорија за сезоната на пожари – оваа година не ја лоцира вината во климатските промени, неподготвеноста на институциите или недостигот на превентивни мерки, туку… во отсуството на стока по планините.

„Немаме стока што ја пасе тревата, затоа тревата ни е бујна. Сега ќе се исуши – еве топло е – и ќе почнат пожарите. Сезона на пожари“, изјави премиерот за една национална телевизија.

Граѓаните иронично предлагаат вонреден повик за овци, кози и крави, со надеж дека ќе ја спасат шумата од огнот пред да интервенираат надлежните.

Видео превземено од страната Странски служби.