- Текст на Сабстак од Билјана Ванковска, доктор на политички науки.
Тој е Грк по националност, и го знам и го почитувам како човек кој со години неуморно се бори за малцинските права на Македонците, кои – како што самиот вели – се угнетувани од неговата татковина. Дури и вели дека живее во земја што има извршено геноцид. Дополнително, тој долго време е европски активист за правата на сите мали народи, вклучително и на Каталонците.
Но кога станува збор за Газа – не можам да го препознаам мојот пријател. Тој пролева солзи за Евреите, а припадниците на Хамас ги нарекува “подлуѓе”. Целата вина за страдањата – и во Газа и во Израел – ја става врз нив. Бев шокирана од неговата реторика за „подлуѓе“! Тоа е првиот чекор кон геноцидни политики и средства: создај го ликот на непоимливо зло, па потоа секоја акција станува „оправдана“. Не знам како прави разлика меѓу членови и нечленови на Хамас. Но, од друга страна – зошто некој би останал ненасилен и послушно пасивен, ако неговиот народ со децении – не само со месеци – систематски се брише од лицето на земјата? Спротивно на сите норми на меѓународното право!!!
Да, тој е Грк кој не само што ги признава Македонците како посебен народ, туку искрено ги сака. Тие што барем малку знаат за грчко-македонските односи ќе разберат што значи тоа. За да се заземе таква позиција, потребна е голема доблест и храброст – и знам дека тоа не му е лесно.
Но, од друга страна, не можам да разберам како не ја гледа сличноста меѓу етничките Македонци и Палестинците. Да, првите не се физички убивани, но се на раб на постоење поради бришењето на нивниот идентитет, култура, историја, јазик, и правото сами да се наречат како што се – без Европа да се вознемири.
Но, дури и ако оваа паралела не постоеше, дури и да не бев Македонка – како човечко суштество морам да бидам на страната на угнетените и обесправените.
Денес сите треба да викаме: „Јас сум Палестинец“. Затоа што сме луѓе, не антисемити. Човечноста се убива во Газа додека геноцидот се „емитува“. Не станува збор за Хамас – станува збор за сите нас. Ако можат да бидат соучесници во овој злостор, тогаш можат да направат сè – на секого.
Оригиналниот текст на Сабстак во продолжение:
My Greek Friend, Macedonians and Gaza: The Strange Limits to Empathy by Biljana Vankovska
null
Read on Substack
