(Видео) Левица предлага шестчасовен работен ден – Пратеникот Амар Мециновиќ го образложи предлог-законот

Партијата Левица ја поднесе иницијативата за скратување на работното време од осум на шест часа, без намалување на платите. Пратеникот Амар Мециновиќ денеска на прес-конференција ги презентираше клучните аргументи и детали за овој предлог-закон, како конкретен чекор во заштита на работничките права.

„Овој предлог не е само идеолошки став, туку одговор на современите технолошки и општествени услови. Работникот не смее да биде жртва на систем што создава хроничен замор и анксиозност,“ истакна Мециновиќ.

Според него, намалувањето на работниот ден е клучно за подобрување на балансовиот однос помеѓу работата и приватниот живот, особено во време кога продуктивноста расте, а минималната плата останува ниска и покрај притисоците од синдикатите.

„Не станува збор за утописка идеја, туку за прашање на праведност и рационалност. Ако технологијата напредува, зошто човекот сè уште работи како во индустрискиот 19 век?“ рече Мециновиќ.

Левица го базира предлогот врз искуства од Исланд, Шведска, Велика Британија и неодамнешниот пример на Црна Гора, каде што намалувањето на работното време резултирало со подобрено ментално здравје, намалено отсуство од работа и зголемена продуктивност, без негативни економски ефекти.

Партијата повика на вклучување на синдикатите, експертите и граѓанските организации во натамошната јавна дискусија за законот. „Време е работничките права да станат системски приоритет, а не само предизборна флоскула,“ заклучи Мециновиќ.

Прес-конференцијата ја потврди сериозноста на Левица во заложбата за унапредување на условите на трудот и повикува на широка дебата за подобра и пофер иднина за работниците.

Видео од прес-конференцијата: