Учениците добија продолжен престој – Советот на Центар ја усвои иницијативата на Левица

По повеќе од две години упорна борба, иницијативата на советничката група на Левица во Општина Центар конечно вроди со плод, Советот едногласно изгласа воведување на продолжен престој за учениците од четврто одделение во сите основни училишта на територијата на општината.

Одлуката беше донесена со 19 гласа „за“, без воздржани и против, што беше поздравено како значаен чекор кон подобрување на условите за учениците и поддршка за родителите. Оваа мерка, велат од Левица – Центар, претставува директен резултат на нивната континуирана и принципиелна борба за јавниот интерес.

„Кога народот има вистински претставници резултатите се реални, конкретни и во интерес на граѓаните“, се наведува во објавата на Левица Центар.

Може да ве интересира