Елзесер со ироничен напад врз Трајко Славески: „Главен виновник за нашата фантастична состојба“

Активистот Јохан Елзесер на Фејсбук упати саркастична критика кон поранешниот министер и актуелен функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, нарекувајќи го еден од „главните виновници“ за денешната социо-економска реалност во Македонија.

„Човекот е 26 години во власт“, напиша Елзесер, алудирајќи на различните функции кои Славески ги извршувал низ годините: министер за развој, советник за стратегија за намалување на сиромаштијата, и министер за финансии. Сето тоа, според него, резултирало со „најразвиена економија и најниска сиромаштија во регионот“ – коментар испратен со јасна доза на иронија.

„Да се разбереме, благосостојба е да работиш по две-три работи дневно, да плачеш дека цените се високи и да си одиш од државава без да ја свртиш главата“, пишува Елзесер, упатувајќи директна критика кон условите во кои живее голем дел од населението.

Објавата завршува со ироничен аплауз за гувернерот, како и саркастичен коментар на сметка на ВМРО-ДПМНЕ: „Какви кадри вади ова ДПМНЕ – свака чаС 👏“.

Постот доби големо внимание на социјалните мрежи, отварајќи повторно дебата за политичката одговорност на долгогодишните функционери во контекст на стагнирачките економски и социјални трендови.

Целиот негов статус во продолжение: