Симонов: Гувернерот изјави минималната плата не е за да преживеете

Советникот на Левица во Свети Николе и член на президиумот на Левица, Александар Симонов, остро ја опиша состојбата во Македонија по неодамнешното гласање против зголемување на минималната плата:

„Пратениците на ,,четвртата економија по раст во Европа” денес не гласаа за зголемување на минималната плата.
Гувернерот ,,четвртата економија по раст во Европа” вчера објасни како минималната плата нема за цел да ви гарантира дека ќе го преживеете месецот.
Сите ние заедно сме должни за 7 милијарди повеќе споредено со лани, колку ќе вратиме камата е друго прашање.
Радувај се народе на бекатон плочки и крпење улици пред избори и чекајте ги со кесиња пред врата од септември.“

Ова е суровата реалност што ја носи економскиот раст во Македонија, долгови, ниски плати и празни ветувања.

Неговата објава ви ја пренесуваме во целост:

Може да ве интересира