Миле Лефков против 500 евра минимална плата – Работникот не му е приоритет

На денешната собраниска седница, кога на дневниот ред беше предлог-законот на Левица за зголемување на минималната плата на 500 евра, предлог што требаше да донесе економска сигурност на стотици илјади македонски работници, се случи очекуванот, пратениците од ВМРО‑ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ го одбија предлогот. Но, интересен потег направи токму Миле Лефков, единствениот од владејачката ложа кој гласаше против 500 евра плата.

Човек што заработува „патни‑трошоци“ 3.000 € месечно, според информациите од јавноста, а сега гласаше против предлогот што може да донесе 500 € плата за оние кои бројат денар по денар.

Ги презентира синдикатските барања како „непрактични“ и „неодмерени“, додека самиот е дел од апарат што трошокот на живот го претвора во игра на судбините на обичниот човек.

Пратеникот Амар Мециновиќ (Левица) објасни:

„Сегашната минимална плата од 24.000 денари не е доволна за основна егзистенција, а граѓаните бројат денари и денови како да преживеат во услови на инфлација.“

И предупреди дека ова се случува по најголемото задолжување во историјата, 6 милијарди евра, што на површината звучи како победа, но бекстејџ е сценарио за уште поголема социјална катастрофа.

Луѓето што преживуваат со минималец, работат цели денови, гладни, голи и боси , а пак патни трошоци на пратеник се 3.000 € месечно!

Лефков, кој ужива удобност, оди против оние што едвај го преживуваат месецот.

Ако ова не е класична класа на двојна морална мерка, не знаеме што е.

Лефков не беше само воздржан, тој беше активен противник на социјална правда. Со својот глас, тој рече: „Не, работникот и сиромашните не заслужуваат пристоен живот.“ Во време кога инфлацијата ги јаде последните денари на граѓаните, таков глас не е само неодговорен туку е срамно предавство на народот.