(Видео) Левица Ѓорче Петров: Урбанизацијата расте, градинки нема – Стојкоски создава илузија за решенија

Левица – Ѓорче Петров со видео објава го изнесоа сериозниот проблем со недостигот на градинки, кој јасно покажува неуспех на градоначалникот Александар Стојкоски. Додека во општината се изградени повеќе од 4.500 нови станови во последните четири години, односно во цел мандат на Стојкоски, тој не успеал да обезбеди изградба на ниту една нова градинка. Оваа негрижа кон најважната инфраструктура за семејствата и децата е очигледен показател на негрижата и неспособноста на локалната власт.

Од Левица предупредуваат дека постоечките градинки се пренатрупани до степен што се нарушуваат најосновните услови за згрижување и воспитување на децата, а родителите се принудени да чекаат месеци и години за да добијат место за своите најмали. Ова е директна последица на насилната урбанизација која градоначалникот Стојкоски ја дозволил, без никаква стратегија или грижа за социјалната инфраструктура.

На крајот од својот мандат, градоначалникот се обидува да го заташка проблемот со мапирање локации за нови градинки, што е само фарса и вештачки привид на решавање на кризата. Всушност, сите овие години, тој имал моќ и одговорност да ја унапреди системската грижа за семејствата, но одлучил да го игнорира тој приоритет. Клучот за упис на децата во градинките и за издавање дозволи за градба останува во неговите раце, а тој изгледа не сака или не знае како да го отвори тој заклучен круг.

Секојдневниот хаос и недостигот на капацитети во градинките се директен резултат на неодговорноста и недомаќинското работење на Александар Стојкоски, кој наместо да ги заштити интересите на граѓаните, го одбира патот на формалности и одлагања, оставајќи ги семејствата на мака и деца без соодветна нега. Ова е јасна порака дека локалната власт во Ѓорче Петров мора веднаш да преземе конкретни и ефективни мерки, а не да се кријат зад празни ветувања и манипулации.

Може да ве интересира