Најстарата манифестација од областа на фотографијата, „Денови на Македонска Фотографија 2025“ ќе се одржи по 63-ти пат во КИЦ

Националната и најстара манифестација од областа на фотографијата, ДМФ 2025 ќе се одржи по 63-ти пат во Културно информативниот центар – Скопје, во организација на Фото Сојуз на Македонија.

На 17.06.2025, со почеток во 19:30 часот ќе се отвори настанот со изложба на наградените и примените фотографии и доделување на наградите во трите категории.

Ќе бидат изложени 85 фотографии од 36 автори во двата салони што претставува своевиден пресек на фотографското творештво во Македонија во изминатата година!

Спонзорот на фестивалот, Чудна шума арт подготви вредни подароци за првонаградените автори.Проектот е помогнат од Министерството за култура како проект од национален интерес.

Може да ве интересира