Поранешниот директор на Клиниката за онкологија во Скопје, Нино Васев, е првообвинет во случајот за злоупотреба на терапијата наменета за онколошки пациенти. Покрај него, обвинети се уште тројца онколози, соопшти денеска шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски.
Во рамки на истрагата, се поднесени две посебни обвиненија. Едното се однесува на финансиските злоупотреби кои ѝ нанеле штета на Клиниката, а другото ќе го опфати начинот на кој биле лекувани пациентите.
Случајот „Онкологија“ предизвика голема реакција во јавноста и протести, поради сериозноста на наводите за манипулација со терапија за онколошки болни лица. Обвинителството најави дека предметот е обемен и во напредна фаза на постапка.

