Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, јавно реагираше на Фејсбук поради, како што вели, нецелосен и штур одговор од Собранието за нејзиното барање за информации за патните трошоци и кириите на пратениците.
„Конечно ми пристигна одговорот и нормално – одговорот е нецелосен“, напиша Мојсоска, обвинувајќи ја генералната секретарка на Собранието и кадар на ДПМНЕ, Марина Димовска, дека ја прикрива вистинската состојба.
Таа истакна дека барала поединечни податоци за секој пратеник – колку средства наплатил по основ на патни трошоци и кирии – но наместо тоа добила генерализиран одговор без конкретни бројки.

„Има еден феномен секогаш кога ВМРО е на власт – фасцинантна креативност за да затскријат, забошотат или заобиколат правила. Како да им е колективна сатисфакција да демонстрираат сила дека можат да ‘подјебаваат’“, напиша Мојсоска.
Таа најави дека ќе поднесе жалба до Агенцијата за пристап до информации од јавен карактер и саркастично им порача на граѓаните да продолжат да „уживаат во скандинавската транспарентност на вмровските функционери“.
Оваа реакција доаѓа во контекст на засилените јавни барања за отчетност на пратениците и нивните трошења, особено во време на економски предизвици и намалена доверба во институциите.
Целата нејзина објава во продолжение:

