Мојсоска по повод Денот на победата над фашизмот: „Европа има од што да се срами за своето минато – Македонија не!“
По повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, преку објава на Фејсбук упати критички став кон Европската Унија и НАТО, обвинувајќи ги дека се обидуваат да ја ревидираат историјата и да го потиснат значењето на антифашистичката борба.
Мојсоска во својот став истакна дека денешната Европа, која го чествува 9 Мај како Ден на Европа, всушност должи сè на борбата на организираната работничка класа која ја победила фашистичката закана и ја изградила модерната Европа. Таа директно ги обвини Германија и НАТО дека го маргинализираат антифашистичкиот наратив и дека преку, како што го нарече, моделот на „Крсто Мукоски демократија“, се нарушува правото на самоопределување на македонскиот народ.
„Европа има од што да се срами и да брише од својата историја, за разлика од Македонија која својата независност ја отелотвори и круниса преку достоинствената, храбра борба на антифашистичкото движење“, напиша Мојсоска.
Објавата завршува со честитка по повод Денот на победата над фашизмот и порака дека „повторно ќе се издигнеме на правилната страна на Историјата“.
Целата нејзина објава во продолжение: