Јанчев: „Фашизмот не е поразен – само ја сменил формата“
По повод Денот на победата над фашизмот, пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, преку својата официјална Фејсбук-страница испрати порака во која остро се осврна на современите форми на фашизам, како во светски, така и во македонски контекст.
Во својата објава, Јанчев потсети на учеството на македонскиот народ во Втората светска војна, нагласувајќи дека токму со таа борба е „со крв платено формирањето на македонската држава на АСНОМ“.
„Но фашизмот, иако поразен, не исчезна – тој зеде само нови појавни форми“, пишува Јанчев, алудирајќи на воени интервенции под изговор на „демократизација“, геноцидот врз Палестинците и обидите за бришење на македонската историска самосвест.
Пратеникот остро ја критикува западната политика, посочувајќи ги Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија како дел од, како што вели, новиот облик на фашизам. Според него, „во 21 век на македонскиот народ му се забранува да има сопствено видување на сопствената историја“, што го споредува со цитат од Џорџ Орвел за тоа како се уништува идентитет на еден народ.
„Тоа е крваво платена тапија која денес ни дава право да кажеме СТОП на лудилото кое ни го прават прво нас како народ, а потоа и на светот,“ пишува Јанчев, повикувајќи на отпор и борба за зачувување на историското и националното достоинство.
Објавата завршува со силна патриотска порака: „Еднаш победивме, пак ќе победиме! Да живее Македонија! Да живее македонскиот народ!“
Целата негова објава во продолжение: