Крмов: „ДПМНЕ подготвени да удрат и по родителите – насилничкото однесување нема да се дозволи“

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, жестоко ја нападна ДПМНЕ преку објава на Фејсбук, обвинувајќи ја партијата за лицемерие и насилничко однесување во врска со трагичниот пожар што неодамна се случи во Кочани.

„Иако до вчера ронеа крокодилски солзи за загинатите во пожарот во Кочани, ДПМНЕ се подготвени да удрат и по родителите ако позицијата им биде загрозена“, пишува Крмов, истакнувајќи дека станува збор за „старото, добро, насилничко ДПМНЕ“ кое, како што вели, „убаво го познаваме“.

Во објавата, тој категорично порачува дека таквото однесување „не смее и нема да биде дозволено“, упатувајќи јасен апел: „Рацете подалеку насилници. Работете си ја работата за која сте платени.“

Со оваа реакција, Крмов ја обвинува владеачката ДПМНЕ ја за политичка злоупотреба на трагични настани и предупреди на можни притисоци врз граѓаните.

Целата негова објава во продолжение:

Може да ве интересира